Судењето за „Тврдина 2“ продолжува на 6. ноември

На денешното судско рочиште за предметот „Тврдина 2“, во кој според обвинението од СЈО, во 2015, непосредно по објавување на опозициските „бомби“, биле уништени системи за следење на комуникации, една од обвинетите, вработена во УБК даде го смени претходно дадениот исказ, тврдејќи дека не е виновна и оти била наместена.

Фото: МИА

Обвинетата, која била секретарка на еден од началниците, истакна дека иако нејзиниот потпис се наоѓа на документот, со кој се наредува уништување на службениот материјал, таа не знаела дека потпишува таква наредба. Додаде дека не била член на комисијата која решава по такви прашања.

Обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов по исказот ја праша обвинетата кој и е мотивот за нејзината одбрана, бидејќи за време на истражната постапка кога имала својство на сведок дала сосема поинаков исказ. Обвинетата тогаш изјавила дека знаела што има во црните ќеси и оти тоа биле материјали од техничка природа.

Обвинетата рече дека останува на тврдењата искажани денеска во судот.

Пред неа денеска сведочеа тројца нејзини колеги, двајца кои ги однеле материјалите од Петтата управа на УБК до базата „Брест“. Потврдија дека комисија од Петтата управа во тајната база наречена „Брест“ во скопско Петровец уништила материјали кои биле од УБК. За содржината на уништените материјали, кои биле сместени во црни кеси, рекоа дека не знаат за што станува збор.

Првообвинет во овој случај е поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујовски и шест вработени во Управата. На Грујовски, кој е во бегство му се суди во отсуство.

Судењето по предметот „Тврдина 2“ треба да продолжи на 6 ноември, поради барање на СЈО за дополнување на доказите и на одбраната.

Би те интересирало и

Високо загадување на воздухот во повеќе градови

Утринава е регистрирано високо загадување на воздухот во повеќе градови во Македонија. Мерните станици утрово во ...

Македонија и Бугарија потпишаа аранжман за соработка за обука на возачи и механичари на тенк Т-72

Министрите за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска и на Бугарија, Красимир Каракачанов, вчера во рамките ...