Судот во Солун ќе им суди за лажните пасоши на Грујевски и Бошковски – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Судот во Солун ќе им суди за лажните пасоши на Грујевски и Бошковски

Во судот во Солун денеска треба да почне судењето за поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и неговиот заменик, Никола Бошкоски за поседување лажни бугарски пасоши со кои престојувале во Грција. Минатонеделното судење за двајцата обвинети беше одложено поради немање преведувач од грчки на македонски јазик.

Медиумите во Грција објавија дека Грујевски и Бошкоски може да бидат екстрадирани кон крајот на ноември или во првите недели на декември годинава, а дотогаш ќе останат во притвор во Грција.

Двајцата бегалци кои беа недостапни 84 дена за полицијата, се обвинети од специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати под името „Тврдина – Таргет“ и „Тврдина 2“.

 

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Министерството за труд поднесува кривични пријави против свои вработени

Врз основа на записникот и извештајот од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Социјалната ...

Струмичанец преку Фејзбук заработил пари, а не платил данок

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Д. (25) од Струмица поради постоење ...