Судот во Њујорк ја донесе одлуката: Антиќ бараше 25 милиони долари, не доби ништо

Перо Антиќ не ја доби тужбата против њујоршката полиција за инцидентот што се случи во април 2015 година кога беше уапсен заедно со соиграчот Табо Сефалоша.

Перо Антиќ ја тужеше полицијата во Њујорк за употреба на прекумерна сила при неговото приведување пред ноќниот клуб „ЈОАК“ пред повеќе од две години, кога беше избоден играчот на Индијана, Крис Коупленд.
Македонскиот кошаркар бараше отштета од 25 милиони долари, но судијата одлучи дека не треба да добие ништо. Според судот, полицијата не употребила прекумерна сила и постапила правилно при апсењето на Антиќ, кој според нив се однесувал неразумно.
За разлика од Антиќ, неговиот колега Сефалоша доби обесштетување од четири милиони долари, но тој имаше и телесни повреди, што било главен аргумент пред судот.
Адвокатите на Перо Антиќ, разочарани од одлуката на судот, размислуваат да поднесат жалба.
Извор: МКД
Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close