Судот не му дозволи на Јохан Тарчуловски да го следи обраќањето на Столтенберг во Собранието – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Судот не му дозволи на Јохан Тарчуловски да го следи обраќањето на Столтенберг во Собранието

Судот не му дозволи на пратеникот Јохан Тарчуловски, кој се наоѓа во куќен притвор, да го следи утрешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Собранието.

„Постапувајќи по барање на обвинетиот Ј.Т. да добие дозвола од судија на претходна постапка да се оддалечи од местото каде што ја издржува мерката куќен притвор како би можел да присуствува на обраќање во Собранието на Р.М., судијата на претходна постапка, м-р Ненад Савески, кој постапува по барањето, го извести лицето дека не му се дозволува да се оддалечи, на одредено време од местото каде што ја издржува изречената мерка“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Од таму велат дека ваквата одлука е донесена во согласност со одредбите од член 163, став 2 од ЗКП, според кои, поднесеното барање на обвинетиот не претставува исклучок од законската одредба.

Член 163, став 2, точка 1 и точка 2 од ЗКП гласи: „На лицето против кое е определен куќен притвор судот може, по исклучок, да му определи да се оддалечи за определено време од станот или од друг простор ако тоа е потребно за лекување или тоа го бараат посебните околности поради кои може да настапат штетни последици за животот, здравјето или имотот на лицето или неговите блиски“.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Владимир Ѓорчев не е повеќе координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ

По барање на пратеникот Владимир Ѓорчев кој што во овој изминат период ја објавуваше функцијата ...

Со неажуриран регистар во јавниот сектор, вработените нема да можат да добијат плата

Државните институции имаат рок од три месеци да ги внесат податоците за своите вработени во ...