Судот ќе сослушува сведоци во случајот на СЈО „Тврдина 2“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Судот ќе сослушува сведоци во случајот на СЈО „Тврдина 2“

Во Кривичниот суд продолжува главната расправа за случајот „Тврдина 2“, во којa првообвинет е екс-началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, и шест службенички од УБК. За денеска е предвидено да бидат сослушани четворица сведоци предложени од СЈО.

На минатото рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Грујовски пред судијката Лидија Петровска, рече дека со „индигнација го одбива обвинението“.

Минатото судско рочиште траеше четири часа, со една пауза од половина час и дел од судењето, во кое беше исклучена јавноста, откако судијката побара од претставниците на СЈО да го образложат обвинението. Одбраната се обидуваше да издејствува од судот да се изземат класифицираните докази, тврдејќи дека се добиени незаконски. За обвинителеството, пак, ваквите тврдења беа неосновани, бидејќи доказите се прибавени законски и во функција на поткрепа на извршувањето на кривичното дело. Адвокатот Боро Тасевски реагираше на тоа што обвинителот Трајче Пеливанов ги кажува работните позиции на обвинитетите, нагласувајќи дека и актот за систематизација во УБК е државна тајна и не е подложен на декласификација.

Обвинетите во случајот „Тврдина 2“ се товарат за фалсификување службена исправа и за уништување на службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

СЈО во четвртокот поднесе и ново обвинение за случајот „Тврдина“, спојувајќи ги истрагите „Таргет“ и „Тврдина“.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

АХВ: Интензивно се работи на исполнување на условите за извоз на свежо свинско месо

Македонија интензивно работи на добивање дозвола за извоз на свежо свинско месо во ЕУ. Според ...

Туск и лидерите од регионот во Скопје на состанок на Брдо-Бриони процесот

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на ...