Судскиот совет расправаше за состојбата со судиите-поротници во судовите

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница ја разгледа состојбата со судии-поротници во судовите и донесе заклучок претседателот и заменик-претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски и Шемседин Јусуфи да се сретнат со министрите за правда и за финансии Билен Саљији и Драган Тевдовски.

На седницата биле разгледани и доставените мислења од Државната комисија за спречување корупција за изборот и разрешувањето на судиите.

На денешната седница била разгледана и состојбата во судовите со непостапувањето на Казнено-поправните установи по наредбите на судиите за спроведување на осудените лица на закажаните расправи. Донесен е заклучок претседателот и заменик-претседателот на Судскиот совет да остварат средба со министерот за правда Саљији.

Судскиот совет констатира престанок на судиска функција на Живка Ивановска, судија на Основен суд Куманово и Донка Затаракоска, судија на Основен суд Струга, поради навршени 64 години.

Констатиран е престанок на функција на судии-поротници во Основен суд Кичево, по предлог на претседателот на судот, поради истек на мандатот за кој се избрани.

Донесена е одлука за избор на судии-поротници на Основен суд Кичево и констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Апелациски суд Битола за Лена Петруловска и Елена Величковска, по нивно барање.

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...