Судски спор околу авторски права на мајмун

Американскиот фотограф, Дејвид Слејтер пред шест години отпатувал во Индонезија, каде за неколку дена направил серија фотографии со мајмуните макаки. Но, еден од мајмуните по име Наруто, играјќи со еден од неговите апарти направил своја „селфи“ фотографија од која Слејтер заработил многу пари.

Меѓутоа, еден ден Слејтер ја видел оваа фотграфија на неколку интернет страници, вклучително и на Википедија, иако не дал дозвола за нејзино користење.

Тој решил да ги тужи интернет страниците, но од нивните адвокати добил одговор дека нема право на надомест затоа што автор на фотографијата не е тој, туку мајмунот.

За работата да стане побизарна, во целиот случај се вклучила и Меѓунароната организација за заштита на правата на животните ПЕТА, која поднела тужба против Слејтер во име на мајмунот Наруто. Според ПЕТА, Наруто треба да добие авторски права на фотографијата и парите од нејзиното објавување треба да бидат наменети за подобрување на неговиот и на животот на неговата заедница.

Слејтер го добил спорот на Суд, но ПЕТА поднела жалба и целата постапка е вратена од почеток. Од тогаш судскиот спор се „влече“ по судови, бидејчи ПЕТА досега девет пати ги обжакувала пресудите во полза на Слејтер.

Овие процеси финансиски го исцедиле Слејтер, па тој сега практично е доведен на питачки стап и бидејќи не е во можност да ја обнови својата фотографска опрема, размислува да ја промени професијата и од фотограф да стане тренер по тенис.

Додади коментар

Би те интересирало и

Маноло Бланик застана во одбрана на Меланија Трамп

  Првата дама на САД, Меланија Трамп неодамна предизвика лавина од негативни коментари поради за ...

Побрзо растење на косата со состојка која сигурно го имате дома

Јапонците се познати по бројните иновации, но и по древните техники со кои знаат да ...

Close