Суперкуп во Скопје: Казни за фалсификувачите и препродавачите на билети

Собранието вчера попладне едногласно ги донесе предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик со кој се предвидуваат воведување санкции за фалсификување и нелегално продавање билети за Супер купот на 8 август годинава во Скопје.

Законот беше предложен по скратена постапка од страна на четири пратенички групи.

Измените и дополнувањата се заради усогласување со правилата за успешна организација на овој настан, а за да се спречи фалсификување и нелегална продажба на билетите, а поради тоа што досега не било законски утврдено, образложи еден од потписниците на предлогот Томислав Тунтев.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...