СЈО ги истражува тендерите во Клиничката болница во Битола

Истражители на Специјалното јавно обвинителство вчера влегле во битолската Клиничка болница и барале да им се достават на увид документи поврзани со тендери за набавки во болницата распишувани преку Министерството за здравство, потврди директорот на болницата Василе Најдовски – пренесува порталот Сакам да кажам.

„Од СЈО дојдоа во нашата болница и бараа документи за тендери што беа распишани преку Министерството за здравство. Тие не беа само кај нас, туку и низ неколку други во земјава барајќи документација поврзана со тендери за болниците кои одеа преку Министерството за здравство“, рече Најдовски.

Сè уште не се знае за какви набавки станува збор и кои тендери ги истражува СЈО.

 

Извор: www.sdk.mk

Би те интересирало и

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...

Нормализиран железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако е исплатен вториот дел од платата на машинскиот ...