СЈО: На Јанкулоска и’ кажавме дека има право на увид во доказите и ќе и’ ги дадеме неделава

jankulovska sjo

Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред да даде исказ, и’ предочиле дека има право на увид во доказите против неа – пренесува агенцијата Мета.

Јанкулоска се повикала на ова право, по што распитот, кој требаше да се одржи денеска, е одложен, а увидот во доказите е закажан за оваа недела.

– Увидот во доказите е право на странките во постапката и ние тоа им го предочуваме на лицата кои се повикуваат да дадат исказ. На осомничената и беше предочено дека има право на увид и таа го знаеше тоа и го потпиша записникот. Увидот во доказите е договорено да започне оваа недела – велат од СЈО за Мета.

Инаку, Јанкулоска денеска по излегувањето од СЈО, каде беше повикана на распит, изјави дека таа и нејзиниот адвокатски тим побарале одложување на распитот бидејќи, како што рече, не биле исполнети минималните услови и „процесно-правни стандарди“. Како што појасни, таа побарала да и’ бидат дадени на увид доказите и документите врз основа на кои е осомничена за да знае за што точно се товари. Според неа, повикувањата на лица што сега ги прави СЈО се избрзани и се во функција на предвремените избори, а во корист на опозициската СДСМ.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...