СЈО побарало замрзнување на имотот на битолскиот градоначалник

pres sjo

Специјалното јавно обвинителство поднело барања за замрзнување на имотот на повеќе лица во врска со случајот „Транспортер“. Така велат од скопскиот кривичен суд и додаваат дека предметите веќе се распределени кај судија во претходна постапка – објави телевизијата Алсат М.

Други детали оттаму засега не откриваат.

Основен суд Скопје 1:

„Што се однесува на прашањето за кои предмети и лица се однесуваат предлозите, заповеќе информации можете да се обратите до институцијата која ги предлага предлозите.“

Од Специјалното јавно обвинителство споделија повеќе детали. Иако само индиректно, може да се заклучи дека барање за замрзнување на имот има и за аболираниот во случајот, градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Специјално јавно обвинителство:

„Во врска со вашите прашања за „Транспортер“, Ве известуваме дека против шест лица е поднесен предлог за обезбедување на имот. Меѓу нив и осомничени во случајот но и лица кои беа помилувани од кривичен прогон. Вкупната вредност за која е утврдено дека е настаната штета е 22.024.891 денари.“

Кога судот ќе одлучува за барањата за замрзнување на имот за „Транспортер“ засега не е познато. Најрано, тоа може да се случи утре но извесно е сепак решенија да носат од понеделник. За случајот, две лица се во домашен притвор а на уште девет други им е одземен пасошот или не смеат да ја напуштаат општината во која живеат. Вкупно, осомничени се 22 лица дека за своја корист, а на штета на буџетот, правеле малверзации со парите за транспортот на учениците во општината Битола.

 

Извор: Alsat.mk

Би те интересирало и

Запрена е изградбата на шестоседот на Попова Шапка

Компанијата ЕЛЕМ, која стопанисува со скијачкиот центар Попова Шапка започнала да гради жичница на центарот, ...

Министерството за правда достави барање до судот за подготовка на документите за екстрадиција

  Министерството за правда попладнево соопшти дека доставило барање до надлежниот суд во Скопје за ...