СЈО поднесува 17 обвиненија против 94 лица – истрагата за „Талир“ продолжува – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

СЈО поднесува 17 обвиненија против 94 лица – истрагата за „Талир“ продолжува

Фото: Нова Македонија

Специјалното јавно обвинителство поднесува 17 обвиненија против 94 физички лица и 7 правни лица. Обвиненијата се однесуваат на вкупно 18 случаи, односно кривични дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

Денеска напладне, на прес конференција специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева соопшти дека случаите „Таргет“ и „Тврдина“ се споени во едно, додека за случаите „Талир“ и „Табла“ не е поднесено обвинение.

Според Јанева, за првиот случај немало доволно време да се заврши истрагата:

„Некој водел незаконска кампања 8 години и не може за 1 месец да се истражат сите сомнежи“.

Што се однесува до „Табла“, тој и натаму се работи и е проширен со други лица- високи функционери.

Специјалното јавно обвинителство досега подигна три обвиненија, и тоа за случаите за незаконско уништување на документација од системите на прислушување, за нарачаното насилство во општина Центар, и за случајот „Транспортер“ во кој осомничен е битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јанева изјави дека засега нема обвиненија обвиненија за високи функционери на ДУИ, иако некои медиуми пред извесно време го објавија спротивното.

Би те интересирало и

Автобус прегази велосипедист вечерва

Сообраќајна несреќа се случила денес во 16.20 часот  на магистралниот пат Штип-Кочани во близина на ...

Се сруши фасада од зграда во центарот на Куманово, едно лице повредено

Едно лице е повредено откако фасада од зградата лоцирана на кумановскиот плоштад се сруши денеска ...