СЈО утре повторно ќе бара притвор за Кочан

Обвинители на Специјалното јавно обвинителство утре повторно ќе изнесуваат докази и аргументи за барањето за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, откако во петокот Врховниот суд реши да ги укине претходните одлуки на Основниот суд Скопје 1 и на Апелацискиот суд.

Од СЈО за МКД.мк потврдуваат дека сослушувањето е закажано за утре во 10 часот по што судија на претходна постапка во Кривичниот суд ќе одлучува за барањето за притвор на Кочан, инаку првоосомничен во предметот „Труст“.

На Кочан му беше одреден притвор во март годинава, а по него беше распишана и меѓународна потерница, но Врховсниот суд го врати предметот на повторно одлучување во Основниот суд Скопје 1, а Кривичниот совет на овој суд вчера експресно ја спроведе пресудата и предметот го врати на почетокот, односно кај судија на претходна постапка.

Од СЈО веднаш најавија реакција за одлуката на Врховниот суд, но досега не се изјаснија.

Во меѓувреме, Кочан кој беше во бегство уште од одредувањето на притворот пред два дена се вратил во земјава и сега е на Клиниката за кардиологија.

Според информациите што ги објави Телма, Кочан се вратил во Македонија во петокот вечерта пред полноќ, преку граничниот премин Табановце. Неговиот адвокат досега тврдеше дека Кочан е на службен пат.

Превземено од: МКД

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close