Талир, Траекторија и Тревник се трите нови истраги на СЈО

Талир, Траекторија и Тревник се трите нови истраги на Специјалното јавно обвинителство, а деталите за нив во моментот на прес конференција ги обелоденува обвинителката, Фатиме Фетаи. Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева најави дека овие истраги се со финански карактер, а Талир е првата истрага на СЈО во која, според Јанева, постои основано сомнение за перење пари.

На почетокот на денешната прес конференција, Јанева рече дека сака да одговори на прашањето поврзано со рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија и објавување истраги.

„Бараме новото парламентарно мнозинство да овозможи ова Јавно обвинителсто до крај да ги истражи кривичните дела кои произлегуваат од незаконски следените комуникации“, изјави таа.

„Во овој момент не ги преслушуваме останатите 55 проценти од разговорите што ги поседуваме, бидејќи 45 проценти од разговорите се во процес на обработка а и фокусот е ставен на веќе отворените истраги. Ова јавно обвинителство и покрај сите предизвици обебеди многу материјални докази, кои го искачуваат степенот на основано сомнение за кривични дела во постапките што досега ги отворило ова обвинителтво“, додаде Јанева.

Додади коментар

Би те интересирало и

Маж сечејќи дрва ја усмрти сопругата

Трагедија вчера околу 10 часот се случи во атарот на кичевското село Драгов дол на ...

Во Тетово се зголемува бројот на лица кои возат без возачки испит

Бројот на лица во Тетово кои возат без возачки испит бележи нагорна линија. Во сообраќајна ...

Close