Таравари бара разрешување на директорот на гостиварската гимназија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Таравари бара разрешување на директорот на гостиварската гимназија

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари се надева дека директорот на Gостиварската гимназија, во чиј двор во петокот се случи инцидент ќе биде разрешен од mинистерката за образование, Рената Десковска.

Таравари посочи дека токму директорот на Gостиварската гимназија го предивикал инцидентот, во кој двајца професори завршија на скопските клиники. Тој тврди дека директорот викнал двајца активисти на ДУИ, кои ги претепале професорите.

Тој побара полицијата да го расветли што поскоро случајот.

„Да беа нападнати членови на ДУИ, МВР овој настан досега ќе го расчистеше“, посочи Таравари.

Од ДУИ, по инцидентот излегоа со партиско соопштение дека професор, кадар на Алијансата за Албанците го нападнал директорот и вината за инцидентот ја префрлија кај просветниот работник.

„Го осудуваме ваквото однесување на двете лица кои се партиски активисти на Алијансата и ја повикуваме меѓународната заедница внимателно да ги следи бандитските активности на Таравари и неговите луѓе“, се вели во соопштението на ДУИ.

Директорот Џези Камбери, кадар на ДУИ е еден од директорите кои беа вратени на раководните места во училиштата откако Министерството за образование му ги одзеде надлежностите на градоначалникот Таравари.

Од МВР се’ уште работат на расветлување на случајот. Оттаму поконкренто за инцидентот се огласија во саботата.

Инцидентот велат најпрвин го пријавил директорот на Училиштето, кој рекол дека бил нападнат од едно лице.

Вечерта пак инцидентот го пријавил еден од професорите, кој рекол дека со неговиот колега биле нападнати од членови на ДУИ, меѓу кои и син на директорот на Училиштето.

 

 

Би те интересирало и

Дигитален самит на земјите од Западен Балкан: Владите, заедно со новинарите, медиумите и граѓаните, треба да бидат на чело на фронтот против лажните вести

Агендата на еден од најголемите регионални настани за оваа година – „Дигиталниот самит за земјите ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за неспособно раководење на АД ЕЛЕМ, оттаму тврдат дека целта не е профит по секоја цена

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека раководството на АД ЕЛЕМ е неспособно да менаџира со природните ...