Татко во Србија ги избоде своите бебиња, близначиња стари 40 дена

Близначиња на возраст од четириесет дена вчера се избодени во Штрбац, Србија, а полицијата се сомнева дека тоа го направил нивниот татко.

Едното бебе починало, додека другото е префрлено во Клиничкиот центар во Ниш – пренесува агенцијата Макфакс.

Управникот на хируршкото одделение во Грачаница, за РТС вели дека се работи за близнаци од машки пол, стари 40 дена. Според него,м едното бебе било довезено мртво, додека другото во тешка состојба било веднаш префрлено во Ниш.

Здравствената состојба на ранетото бебе е стабилизирана и тоа е надвор од животна опасност – додава лекарот.

Би те интересирало и

Грција и денеска заробена од лошото време

Во Грција и денеска ќе продолжи лошото време проследено со поројни дождови и силен ветар, ...

Дожд и бура и денеска во Грција, најавуваат метеоролозите

Грчката Национална метеоролошка служба и за денеска најави дожд и бура во земјата. На места бурата ќе ...