Татко и син заработија кривична пријава за обид за убиство

kidnapiranje

Татко и син заработија кривична пријава и притвор за киднапирање и обид за убиство на снаата односно сопругата. Тие на трето лице му ветиле 10.000 евра за киднапирање на жената, која планирале потоа да ја убијат.

– СВР Штип до ОЈО поднесе пријава против две лица, татко и син едниот на 66 другиот на 41 годишна возраст од селото Ратавица, пробиштипско, поради постоење на основи на сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело убиство.

При крајот на месец јули оваа година, првопријавените, татко и син по претходен меѓусебен договор, со намера да ја лишат од живот 35 годишната снаа и сопруга. Таа поради нарушени брачни односи го напуштила домот во која живеела со пријавените и заминала да живее во Штип.

Таткото и синот, како соизвршители стапиле во контакт со 37 годишно лице од Штип, при што со умисла го поттикнале за награда од 10.000 евра, да изврши грабнување на сопругата, на второпријавениот да им ја предаде за да ја лишат од живот. – информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова. Како капар за евентуални трошоци, на лицето кое што требало да го изврши киднапирањето на жената, таткото и синот му дале 17.000 денари а останатите ветиле дека ќе му ги дадат, откако ќе им ја предаде.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена-информира Панајотова.

Би те интересирало и

Крадци нападнале жена, ја врзале со селотејп и украле злато од нејзиниот дом

Две маскирани и вооружени лица со нож ноќеска физички ја нападнале четириесет и деветгодишната, И.Ј. ...

Тешко повреден пешак, 14 сообраќајки вчера во Скопје

Пешак е потешко повреден, а 16 лица се полесно повредени во 12 од 14 сообраќајки ...