Татко и син краделе акумулатор – Со нож го повредиле полицаецот кој ги забележал – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Татко и син краделе акумулатор – Со нож го повредиле полицаецот кој ги забележал

Вчеравечер на ул. „Марксова“ во Прилеп полициски службеник кој бил на должност, забележал две лица како вршат кражба на алумулатор, по што тргнал кон нив. Кога го забележал тоа, еден од сторителите, четириесет и двегодишниот Р.Р. со нож замавнал кон полицаецот нанесувајќи му расекотина во пределот на десната дланка, по што побегнал.

По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле и привеле Р.Р. и неговиот шеснаесетгодишен син. Повредениот полициски службеник е пренесен и задржан во Општа болница Прилеп,  каде му е констатирана телесна повреда. МВР информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би те интересирало и

Маж тешко повреден во сообраќајка на локалниот пат село Грешница – Кичево

Четириесет и четиригодишен маж од селото Грешница се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна ...

Приведен крадецот кој ограби аптека во Маџари

Пронајден и приведен е разбојникот кој со закана со пиштол на почетокот на овој месец ...