Тачи: Апсењето на Харадинај е неприфатливо

timthumb
Косовскиот претседател Хашим Тачи, по повод апсењето на Рамуш Харадинај во Франција синоќа изјави дека „е неприфатливо Харадинај да биде уапсен во било која земја на светот, само затоа што има потерница од Србија“.

Тачи на Фејсбук наведе дека косовските институции ги користат „сите расположливи механизми за што побрзо да ја исправат грешката и Харадинај да биде пуштен“, пренесува „Зери“.

„Ние членовите на ОВК сме горди што се боревме против криминалниот режим на Слободан Милошевиќ, а тоа го потврди и слободниот и демократски свет кога ја почна кампањата на бомбардирање на српските цели“, наведе Тачи.

Партијата Алијанса за иднината на Косово на Рамуш Харадинај апсењето на лидерот го нарече „неправедно и неприфатливо“.

„Овој чин е неправеден и неприфатлив. Ги повикуваме француските авторитети на Харадинај да му овозможат продолжување на неговото патување и од Европската Унија и европските држави бараме да не го спречуваат слободното движење врз основа на незаконски потреници од Србија“, наведува Алијансата за иднината на Косово, пренесува регионалната ТВ Н1.

Харадинај вчера беше уапсен на аеродромот во Базел, на француската страна, а врз основа на барање од Србија од 2004 година заради злосторства на Косово.

Француски полициски извори оваа вест ја потврдија за британските медиуми, наведувајќи дека граничната полиција го уапсила Харадинај веднаш по пристигнувањето на аеродромот Базел-Милуз, на истокот од Франција каде допатувал со лет од Приштина.

Базел се наоѓа на тромеѓето меѓу Швајцарија, Германија и Франција, па градската зона се простира низ трите држави.

Претходно семејството на Харадинај за приштинските медиуми потврди деја тој е уапсен во Франција.

Србија го товари Харадинај за убиства и тешки злосторства на Косово во текот на 1998 и 1999 година.

Рамуш Харадинај е поранешен лидер на ОВК и поранешен косовски премиер.

Хашкиот суд во 2012 година го ослободи Харадинај од обвинението за воени злосторства. Тогаш Харадинај и неговите поранешни помошници Идриз Балјај и Лахи Брахимај беа пуштени на слобода.

Додади коментар

Би те интересирало и

Могерини ги помири Заев и Вучиќ

Лидерите на балканските земји излегоа вчера задоволни од вечерата со шефицата на европската дипломатија Федерика ...

Избори на Косово: Харадинај, Хоти или Курти?

Косово со поприлична тензија ги дочекува изборите на 11 јуни, пишува Дојче веле и напоменува ...

Close
×

Додади коментар
Web Design BangladeshWeb Design BangladeshMymensingh
Advertisment ad adsense adlogger