Тајните писма откриваат што им правеле на труповите на патниците од „Титаник“

Тајните телеграми, кои се криени повеќе од еден век, ја здогледаа светлината на денот и открија што се случувало со телата на луѓето кои ги изгубиле животите во една од најголемите поморски несреќи во историјата, пишува „Индекс.хр“.

Оние кои ги пишувале биле убедени дека тие писма никогаш нема да бидат прикажани во јавноста, а во нив се открива дека капетанот на спасувачкиот брод сакал од морето да извлече што е можно повеќе тела на загинатите патници, без оглед на тоа со која класа патувале. Меѓутоа, кога било утврдено дека бродот „Мекеј-Бенет“ е премногу мал за 334 пронајдени тела, капетанот донел поинаква одлука. На крајот, од бродот се исфрлени повеќе од 100 тела, кои никогаш повеќе не се пронајдени.

Од бродот биле исфрлувани телата на патниците од третата класа, за да се направи место за патниците од првата и втората класа, кои според мислењето на екипажот на бродот имале повеќе права на достоинствен погреб, пишува „Елит дејли“.

Вкупно биле пронајдени 334 тела, но 116 од нив биле фрлени во Атлантскиот океан. Меѓу нив биле и телата на екипажот на „Титаник“. Телеграмите кои ја откриваат позадината на пронаоѓањето на телата ги објавил историчарот Чарлс Хас од Њу Џерси, кој со години проучува што се случувало со „Титаник“ во неговите последни часови.

– Оваа колекција на телеграми открива детално колку бил комплициран процесот на спасување откако бродот потонал. Јасно покажува под колкав стрес биле сите коишто биле вклучени во спасувањето. Кога овие телеграми биле испратени, мислам дека идејата била дека ќе останат тајни – рекол за „Мејлонлајн“.

Ги испратил капетанот Фредерик Ларндер од бродот „Мекеј-Бенет“ на компанијата „Вајт стар лајн“, која управувала со „Титаник“. Од телеграмите јасно е дека ситуацијата била еднакво тешка за двете страни.

Во првите испратени телеграми пишувало: „Апсолутно мора да ги донесете сите тела кои ќе ги собере во спасувачкиот брод“.

Потоа од „Мекеј-Бенет“ било одговорено: „Детално ги попишавме сите пари и вредниот имот најден кај телата. Зарем не би било подобро сите тела да се „погребат во морето“, освен ако не постои посебна желба на семејствата да ги задржиме?“.
По кратко допишување се договориле дека ќе ги исфрлат телата на жртвите од третата класа, за телата на оние побогатите да бидат вратени на нивните семејства.

Писмата ги задржал поранешниот работник на „Кунард Линеа“, компанија која се споила во 1934 година со „Вајт стар лајн“, а потоа му ги препуштил на историчарот Чарлс Хас.

Превземено од: СлободенПечат

Додади коментар

Би те интересирало и

Макрон ќе предложи реформи за ЕУ и јакнење на монетарната унија

Францускиот претседател, Емануел Макрон утре ќе ги промовира своите предлози за реформи на Европската унија ...

Референдум за независност на Ирачки Курдистан

Граѓаните на ирачки Курдистан денеска ќе се изјаснат на референдум за независност на регионот од ...

Close