„Тврдина 2“: Судијката одлучува дали да ги прифати доказите

Одбраната на обвинетите во случајот Тврдина 2 бара Судот да го отфрли обвинението затоа што се засновало на незаконски прибавени докази – пренесува НОВАТВ веб. Адвокатите на одбраната побараа Судот  да се произнесе за доказите и да одлучи дали ќе го прифати или отфрли обвинението.

Обвинителите од СЈО пак, кажаа дека без разлика што се работи за класифицирани докази тие се прибавени на законит начин, односно поднесено е барање до Управата за безбедност и контраразузнавање која сите докази ги доставила до СЈО. Обвинителот Трајче Пеливанов додаде и дека доказите не се наменети за да станат јавни, туку само за потребите на судската постапка со која ке се поткрепи и потврди кривичното дело кое го сториле обвинетите.

Судијката Лидија Петрова даде пауза од половина час по која таа треба да се произнесе за доказите.

Ва случајот „Тврдина 2“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски, и уште шестмина вработени во УБК. Тие се товарат дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите.

Денеска Грујовски се појави на судењето, а тука се и обвинителите на СЈО.

Ова судење на 5 мај беше одложено бидејќи во судницата не се појавија првообвинетиот Горан Грујовски, поранешен началник на петтата управа на УБК, и неговиот адвокат, Никола Додевски.

Бранителите на другите обвинети до судот доставија медицинска документација, според која, Грујовски е на боледување поради „сериозно влошена здравствена состојба“.

Обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски и Трајче Пеливанов најавија дополнителни проверки за да утврдат дали Грујовски навистина не може да доаѓа на рочиштата.

Рочиштето ќе продолжи по паузата.

 

Извор: www.novatv.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Куманово – Табановце

Две лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна незгода што утринава околу 11 ...

Аргентина: 15 загинати во автобуска несреќа

Најмалку 15 лица, од кои девет деца, загинаа во сообраќајна несреќа во Аргентина, кога се ...

Close