„Тврдокорни“: Утрешниот марш нема предумисла за правење немири

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни” во соопштение дематира дека маршот во Скопје има врска со евентуалното создавање или несоздавање на влада, бидејќи бил најавен пред десет дена. Од Здружението најавуват дека во понеделник со јавен писмен допис ќе се обратат до евентуалните владини коалициски партнери, и ќе бараат јавно да се одговори што е договорено во Мала Речица.

-Секој молк или одговор кој нема да е во склад со македонскиот Устав и законите, ќе биде мотив здружението преку протести да ги повика виновниците на одговорност, кои нема да бидат од церемонијален карактер и низ разни облици на побуна секојдневно ќе се вршат легитимни притисоци додека не се повлечат штетните одлуки. Она што нас длабоко не засегнува е прашањето – дали со подзаконски акти или дотерување на постоечките, притаено ќе се обидуваат да подметнат нов и веќе пред завршен чин од долгата редица на сепаратистички барања на албанските политичари – стои во соопштението на „Тврдокорни“.

-Во повикот за масовност на утрешниот марш со препорака гражаните да се појават во црна облека, здружението упатува и предупредување до партии, странски амбасади и поединци, дека „ако се обидат да ги излажат или нешто да подметнат, ќе видат со каква сила ќе се соочат – соопштуваат од „Тврдокорни“.

Додади коментар

Би те интересирало и

Формирана Групација на провајдери на дигитални решенија

Групација на провајреди на дигитални решенија е формирана во рамки на Стопанската комора на Македонија. ...

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да ...

Close