Тед Круз се повлекува од републиканската номинација

Ted_Cruz_7

Сенаторот од Тексас, Тед Круз кој се бореше за номинација на републиканците за кандидат за претседател на САД, објави дека се повлекува од трката за Белата куќа по победата на милијардерот Доналд Трамп на внатрепартиските избори во државата Индијана.

„ Со огромно жалење соопштувам дека ја прекинувам кампањата. Дадовме се’ од себе, но гласачите претпочитаат некој друг пат“, изјави Круз пред свои приврзаници во Индијанополис.

Претседателот на Националниот комитет на републиканската партија, Рајнс Прибас изјави дека Трамп е веројатната номинација на партијата откако Курз прекинува со кампањата – пренесе ДПА.

– Сега треба да се обединиме и да се фокусираме на пораз на Хилари Клинтон – напиша Прибас на Твитер. ДПА наведува дека постои поделеност во Републиканската партија за кандидатурата на Трамп бидејќи видни републиканци наведуваат дека никогаш нема да го поддржат милијардерот.

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс победи на партиските избори на демократите во Индијана, јавуваат американски медиуми.

Победата на 74-годишниот сенатор според аналитичари е неочекувана откако претходно во анкетите Клинтон имаше седум отсто повеќе гласови во своја корист.

Експерти оценуваат дека одлучувачка улога имала активната кампања на Сандерс во Индијана вклучително и неговите говори пред студенти во тамошни универзитети на кои им се допаѓаат идеите на „демократскиот социјалист“. Од Индијана се гласови на 92 делгата за конгресот на кој официјално ќе биде промовиран кандидат на Демократската партија за претседателските избори во ноември.

Би те интересирало и

ЕП: 10 евра за влез во ЕУ за граѓаните со безвизен режим од 2020 година

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија за ...

Пуџдемон до 10 часот мора да одлучи за независноста на Каталонија

Мадрид му даде рок на Пуџдемон до денеска изутрина да даде прецизен одговор дали прогласува независност ...