Тековен сообраќај, на граничните премини нема задржувања – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Тековен сообраќај, на граничните премини нема задржувања

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Би те интересирало и

Заев: македонските возачки дозволи ќе бидат признаени во Германија

Македонскиот премиер вели дека поради техничка пречка неделава не бил потпишан договорот за признавање на ...

Села и Гаши на средба во Тетово разговараа за окрупнување на Албанската опозиција

Иако поделени во фракции и крила, Албанските опозициони партии започнаа да соработуваат, чија крајна цел ...