Телефонски броеви за пријавување нерегуларности кај Народниот правобранител – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Телефонски броеви за пријавување нерегуларности кај Народниот правобранител

Сите седум канцеларии на Народниот правобранител денеска, на денот на одржувањето на вториот круг од локалните избори, ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Од 7 до 19 часот ќе бидат отворени сите седум канцеларии во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип. Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на телефон.

Народниот правобранител уште еднаш ја истакнува важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество. Во таа насока, Народниот правобранител апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори, во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права. /МИА

Скопје: 02 3129-327 и 3129-367

Битола: 047 242-310

Кичево: 045 228-586

Куманово: 031 431-488

Струмица: 034 329-996

Тетово: 044 344-082

Штип: 032 389-701.

Би те интересирало и

Превозниците на руда за „Фени“ не постигнаа договор со „Џи сол“

     Превозниците од Здружението “Кипер” на кои кавадаречкиот комбинат зa никел Фени им должи ...

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не ...