Телефонски разговор на Путин и Ердоган за ситуацијата во Сирија

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган дадоа позитивна оценка за соработката во рамките на Астанскиот процес за решавање на сирискиот конфликт.

Прес службата на Кремљ соопшти дека двајцата претседатели телефонски разговарале при што размениле мислења за соработката во создавањето зони за деескалација во Сирија. Тие разговарале и за перспективите за седма средба во казахстанскиот главен град Астана на крајот на октомври, како и за координација на напорите за решавање на конфликтот во Сирија.

Путин и Ердоган изразиле задоволство од развојот на турско-руската соработка во разни области, вклучително и во трговско-економската сфера.

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...