Телма: Дедото на малата Тамара пукаше во Тодоров

Пред министерството за здравство имало обид за обид за убиство врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Според првичните информации, Тодоров на влегување на скалите се поздравувал со снимателите кои чекале да влезат внатре и тогаш напаѓачот извадил пиштол и пукал директно во него. Успеал да испука три куршуми, но Тодоров не е погоден. Веднаш е интервенирано од обезбедувањето на министерството за здравство кое го оневозможило напаѓачот. Лицето е приведено и е на распит во полициската станица Беко.

Според првичните неофицијални информации, напаѓачот е дедото на малата Тамара од Велес, која почина чекајќи Фондот да и’ одобри средства за операција во странство.

 

Извор: Телевизија Телма

Додади коментар

Би те интересирало и

Штипјанец тешко повреден во сообраќајка на патот Свети Николе – Пробиштип

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната незгода која вчеравечер се случила на регионалниот пат ...

Украдени 880 000 денари од фирма во Гевгелија

Во периодот од 19 часот на 22. септември до 11 часот на 23. во Гевгелија ...

Close