Тензии меѓу Грција и Шпанија поради Каталонија

Грција го повика шпанскиот амбасадор во Атина да ја повлече изјавата која ја дал за весникот „Елефтерос Типос“, каде наведува дека Атина не го поддржува единството на Шпанија, што предизвика тензии во односите меѓу двете партнерски земји-членки на ЕУ во врска со каталонското прогласување независност.

грчкиот премиер Алексис Ципрас

Шпанскиот амбасадор во Грција, Енрике Вигера истакна за весникот „Елефтерос Типос“ дека добил јасни уверувања за поддршка на шпанското единство од страна на грчката конзервативна опозиција и претседателот Прокопис Павлопулос, но тоа не може да се каже и за левичарската Влада на грчкиот премиер Алексис Ципрас. Грчката влада соопшти дека целосно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Шпанија, како и која било иницијатива со цел обновување на демократскиот дијалог во рамки на шпанскиот Устав.

Преземено од: Слободна Европа

Би те интересирало и

На први јануари почнува пописот на сите Албанци во светот

Од први јануари идната година амбасадите на Република Албанија во светот ќе започнат со реализацијата ...

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...