Тенисерката Ѓорческа падна за една позиција на ВТА листата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Тенисерката Ѓорческа падна за една позиција на ВТА листата

lina-gjorceska

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа пад за една позиција на најновата ВТА листа и од денеска е на 206. позиција. Таа веќе извесно време се обидува да ја пробие границата од 200, што би бил најдобар ранкинг за неа, но засега не успева.

Сепак со првиот настап на ВТА турнирите, Лина направи исчекор, па до крајот на годинава може да биде рангирана под двестотката. Во конкуренцијата на двојки, Ѓорческа има подобар ранг во однос на минатата седмица. Со скок од само едно место, таа се наоѓа на 136. позиција.

Магдалена Стоилковска пак, забележа пад и во поединечната конкуренција и во конкуренцијата на двојки. Поединечно, Стоилковска се наоѓа на 1166. позиција што е за шест места полош ранг од минатата седмица додека во двојки падна само на едно место односно од 1083. на 1084 место.

Најдобра на светот е Анжелик Кербер, а зад неа во топ-5 се и Серена Вилијамс, Агњешка Радвањска, Симона Халеп и Доминика Цибулкова.

Кај мажите број еден е Енди Мареј, пред Новак Ѓоковиќ, Милош Раониќ, Стен Вавринка и Кеи Нишикори.

Најдоброрангиран македонски тенисер е Томислав Јотовски на 769. позиција.

 

Би те интересирало и

Тенисерките на Македонија заминаа за Тунис на Фед Купот во Гамарт

Фед репрезентацијата на Македонија замина за Гамарт, Тунис, каде од утре ги започнува натпреварите од ...

Изнер го стопираше Дел Потро, во финалето го чека Зверев

Американскиот тенисер, Џон Изнер успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Мајами, откако ...