Тереза Меј бара од интернет компаниите да ги отстранат сите екстремистички прилози

Британскиот премиер, Тереза Меј бара од светските лидери да се интензивира притисокот врз интернет компаниите за да трајно се елиминираат сите екстремни и екстремистички материјали и прилози на интернет мрежата. На Самитот на групата Г7 ,што се одржува во Таормина, на Сицилија во Италија, Меј има воведно излагање посветено на тероризмот и на антитерористичката борба и во него британскиот премиер инсистира дека заканата од џихадистите од Исламска држава (ИД) е значително засилена поради „бојното поле“, создадено на интернет.

Во своето излагање, чии делови пренесуваат лондонските медиуми, Меј ги обвинува хај-тек компаниите за тоа дека ништо немаат направено за да се отстранат опасните и штетни, провокативните и екстермистичките прилози.

„Интернет гигантите, како Фејсбук, Твитер и Гугл имаат обврска кон општеството, за да направат повеќе за отстранување од мрежата на материјалите кои промовираат и величаат омраза, насилство и тероризам“, вели Меј во своето барање до лидерите од светот, собрани на годинешниов Самит на Г7.

Претставник на Даунинг стрит 10 во Лондон, денеска изјави дека Меј сака да ги охрабри интернет компаниите да создадат алатки кои автоматски ќе ги препознаат и ќе ги елиминираат сите штетни и опасни прилози.

Во алатките што ги заговара, таа смета дека треба да се најде и можноста сите на интернет постирани разни екстремни содржини, да биде целосно блокирани и недостапни.

Официјалното објаснување за ставовите на британскиот премиер, покажува дека Лондон, по првпат, на највисоко ниво и на еден ваков собир ја истакнува интернет безбедноста како најважниот дел од борбата со меѓународниот тероризам.

Меј, која е во екот на предизборната кампања за предвремените избор, за две недели, предупредува дека не само што и натаму на инернет циркулираат слободно и без никакво ограничување, насилството, омразата на разна основа и екстремизмот, туку се уште може да се научи како да се произведе експлозивна направа во домашни услови, или како да се создаде и намонтира елек за бомбаши самоубијци.

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...