Тереза Меј му објави војна на теророт во Велика Британија

Над илјада британски војници опремени со најсовремено оружје се распоредени низ улиците на Лондон и другите градови во Велика Британија, како една од мерките на Владата на Тереза Меј во „војната против теророт“, што таа ја покрена по терористичкиот напад во понеделникот доцна вечерта во Манчестер.

Војската е распоредена како дополнување на полицијата, иако засега не се знае, која и каква ќе биде улогата на армиските сили во безбедносната ситуација која се означува како „критична“, што значи дека Велика Британија се наоѓа во „непосредна опасност“ од нов терористички напад, кој би можел да се случи секој момент. Војниците засега ја чуваат зградата на британскиот Парламент, кралската Бакингамска палата, Даунинг стрит 10, каде е седиштето на Владата и службената резиденција на британските премиери, но се размесетени и на сите значајни локации и местата каде се собираат многу луѓе.

Од безбедносни причини, забранети се сите посети на зградата на Парламентот, суспендирани се традиционалните смени на гардистите пред кралската палата во центарот на Лондон, а откажани се и „шампионските паради’ на фудбалерите на Челзи низ лондонските улици и на Манчестер Јунајтерд по освојувањето на Европскиот куп.

Објавувањето „војна на теророт“, со прогласување критично ниво на закана од терористички напад е трет ваков случај во поновата историја на земјата.

Првпат тоа се случи во 2006 година, кога беше откриен заговор за планирано соборување на патнички авиони на летовите од Европа кон САД и Канада.

Вториот случај кога безбедносната ситуација беше прогласена за критична, беше во летото во 2007 година во текот на бомбашкиот напад врз аеродоромот во Глазгов, откако истиот ден беше спречен и терористички напад во центарот на Лондон.

„Војна против теророт“ е термин што беше создаден во САД, по терористичкиот напад од 11 септември 2001 година од тогашниот претседател Џорџ Буш, а во Велика Британија ревитализиран од премиерот Тони Блер, пред и по воената интервенција врз Ирак, со која беше соборен режимот на Садам Хусеин. Меј тогаш како пратеник на конзервативците со повеќемина колеги, сега нејзини министри, остро се спротивставуваа на терминот „војна со терористите“, тврдејќи дека е контрапродуктивен и дека само создава непријатели на Велика Британија, уште повеќе загрозувајќи ја нејзината безбеднсот.

Според медиумите во Лондон, сега токму Меј покрена своја „војна против теророт“, оправдувајќи ја со „грижата за безбедноста на Британците“, како што тоа пред неа пред 14 години го објаснуваше и Блер.

За разлика од тогаш, Меј сега се наоѓа во екот на изборната кампања за изборите од 8 јуни, па медиумите анализираат што друго премиерката може да направи, откако нареди војската да излезе на британските улици.

Една можност е да се прогласи вонредна состојба, како што тоа направи Франција по терористичкиот напад од 13 ноември 2015 година, кога беа убиени 130 лица.

Но, во Велика Британија последна вонредна состојба е прогласена уште во 1973 година, од тогашниот премиер Едвард Хит.

Во годината кога Велика Британија влезе во ЕУ, Хит прогласи вонредна состојба, не поради терористичка закана, туку поради масовниот штрајк на рударите што ја блокираше земјата. Хит тогаш ја повика војската да помага во одржувањето на безбедноста заедно со полицијата и за да не дојде до колапс на земјата.

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе ...

Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница

Повеќе од 20 години по масакрот врз муслиманите во босанска Сребреница, холандски суд пресуди дека ...

Close