Тереза Меј од кралицата Елизабета ке побара мандат да формира нова влада

Лидерката на британската Конзервативна партија, Тереза Меј ке ја посети Бакингамската палата и од кралицата Елизабета ќе побара мандат да формира нова влада, отфрлајќи ја засега можноста да поднесе оставка по неуспехот на вчерашните предвремени парламентарни избори. Меј и нејзината партија освоија најмногу пратенички места во новиот состав на Парламентот, но го загубија досегашното удобно мнозинство што го имаа во Долниот дом.

Конзервативците сега имаат 317 пратеници, што е повеќе од лабуристите на левичарот Џереми Корбин кои освоија 261 пратенички места, но загубија 15, што значи дека ториевците не можат сами да формираат влада, како што тоа му успеа на Дејвид Камерон по изборите во мај 2015 година.

Сега Британија, како и пред седум години, ќе има коалициска влада, или малцинска влада која ке биде подржувана во Долниот дом, од некоја од малите партии.

Конзервативците најавија дека северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) се согласила да биде дел од владината подршка, зашто не е вообичаено некоја од партиите во Северна Ирска и нејзини пратеници да бидат дел од некоја британска влада, но другите партии кои имаат пратеници во Парламентот се противат на тоа владата да зависи од една северноирска партија.

ДУП и Северна Ирска се во длабока политичка криза по тамошните локални избори, на кои ниту една партија не освои мнозинство , а републиканската Шин Феин како никогаш досега се најде во ситуација да излее како победник.

Унионистите од ДУП, партија што ја има формирано ултра-тврдиот унионист, сега покоен Ијан Пејсли, имаат проблеми и со својот актуелен лидер Арлен Филипс, која е инволвирана во еден финансиски скандал поради кој имаше вонредни избори, а Шин Феин не сака таа и натаму да биде прв министер на Северна Ирска. Во таква ситуација, Меј ќе мора да зависи од гласовите на десетемина пратеници на ДУП, затоа што досега сите другите одбиваат да соработуваат или да коалицираат со Конзервативната партија.

Лидерот на лабуристите Корбин побара уште ноќеска Меј да поднесе оставка, поради нејзниот неуспех и практично пораз на изборите, инсистирајќи дека тој може да обезбеди договор со ЕУ и да раководи со малцинска влада, која би ја подржувале СНП, либералдемократите, зелените и другите малцински партии, собрани во една „прогресивна алијанса“.

Додади коментар

Би те интересирало и

Група млади пратеници во првите редови на протестите во Венецуела

Група млади пратеници се во првите редови на насилните антивалдини протести во Венецуела, кои траат ...

Путин не е највлијателна личност во Русија

„Левада центар“ направи истражување за тоа кого Русите го сметаат за највлијателна личност во историјата. ...

Close