Тетовци се’ уште се жалат дека од нивните чешми протекува вода со необичен вкус и мирис – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Тетовци се’ уште се жалат дека од нивните чешми протекува вода со необичен вкус и мирис

Граѓаните на Тетово десет дена се жалат дека пијат вода со како што велат мирис на варикина, железо и слично.

Бараат надлежните да излезат со конкретна информација дали е водата исправна.

Од Центарот за јавно здравје Тетово рекоа дека будно ја следат состојбата со водата за пиење, постојано се на терен испитувајќи од каде доаѓа изменетиот вкус и мирис на водата. Анализите како што велат, покажуваат дека водата е физички  хемиско – бактериолошки исправна.

Анализите на водата се правени на основа на земени мостри од повеќе локации на градот. Поради позитивните резултати, се уште нема воведена никаква забрана за користење на водата за пиење. На граѓаните останува одлуката дали да ја користат водата, или пак да купуваат флаширана вода, соопштија од Центарот за јавно здравје Тетово.

Во меѓувреме се’ уште се чекаат резултатите за исправноста на гостиварската водата, кои и граѓаните и институциите ја посочија како можна причина за масовното труење на жителите на Гостивар.

Од Центарот за јавно здравје Гостивар, велат дека првичните резултати на водата за пиење од гостиварскиот водовод, покажале дека водата е физичко – хемиски и бактериолошки исправна, но поради сомнежот за нејзината чистота, мостри од гостиварската вода се пратени на дополнителни анализи во Скопје, кои треба да бидат готови во текот на оваа недела.

„Дотогаш, апелираме граѓаните да го избегнуваат користењето на водата за пиење“,  рече директорот на Гостиварската болница Гојарт Сулејмани.

Минатата недела за само неколку дена над 500 гостиварци се обратија за лекарска помош во гостиварската болница. Тие се пожалија на мачнина, дијареа, повраќање. Речиси сите пациенти по примената терапија беа пуштени на домашно лекување.

Би те интересирало и

В понеделник делови на општина Аеродром без струја

  Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија во понеделник ќе останат ...

Одбележан патронатот на тетовската касарна Кузман Јосифоски Питу

Пред споменикот на народниот херој Кузман Јосифоски Питу во Тетовската касарна која го носи неговото ...