Техеран: Сирија има право да се брани – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Техеран: Сирија има право да се брани

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека го поддржува правото на Сирија да се  брани од израелската агресија и ја обвини меѓународната заедница.

– Иран остро ги осудува… нападите (на Израел) врз Сирија. Молкот на меѓународната заедница ја охрабрува агресијата на Израел, Сирија ги има сите права да се брани, изјави портпаролот на иранското Министерството за надворешни работи, Бахрам Касеми.

Израелскарта армија вчера соопшти дека нејзини авиони бомбардирале десетина ирански цели во Сирија, како одговор на ракетирањето на израелските позиции на Голанска Висорамнина.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...