Тече рокот за приговори до ДИК за гласањето во вториот круг од локалните избори

Партиите по вчерашниот втор круг од локалните избори имаат рок од 48 часа по завршување на гласањето да поднесат приговори до Државната изборна комисија. Комисијата, пак е должна, во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право во постапката можа да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа од завршувањето на гласањето. ДИК има рок од 24 часа да одлучи по ваквите приговори.

Вчера до ДИК имаше поднесено четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...