Тече рокот за приговори за изборите

До 19 односно до 24 часот денеска трае рокот за поднесување приговори и тужби во однос на локалните избори што се одржаа во неделата.

Откако ќе се постапи по приговорите ќе бидат познати и конечните резултати за првиот круг гласање.

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.

– Точен број каде изборите завршиле во прв круг може да соопштиме кога резултатите ќе станат конечни, односно кога ќе заврши постапката за одлучувања по приговори и тужби. Подносителите на листи имаат право и на судска заштита, односно да поднесат тужба до Управниот суд. Откако ќе заврши целата таа постапка, можеме да ги објавиме конечните резултати и тогаш ќе имаме точна претстава во колку избирачки места изборите завршиле во прв круг, а во колку општини ќе има втор круг, рече претседателот на ДИК Александар Чичаковски вчера на прес-конференција.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Денеска се прегласува во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот ...

Утре ќе се прегласува на едно избирачко место во Чаир

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг ...