Тешка сообраќајна незгода кај Плетвар, едно лице почина

Денеска околу 13.15 часот на патниот правец Градско-Прилеп на Плетвар, кон Кавадарци, се случи тешка сообраќајна незгода во која едно лице го загуби животот.
Несреќата се случила при судир помеѓу патничко моторно возило „Аскона“ без регистарски таблици, управувано од непознато машко лице и „Пежо 307“ управувано од Ј. К. (1987) од Скопје, велат од МВР.
Според информациите од полицијата, сообраќајот се одвива по една лента, бидејќи телото на починатиот е заглавено, поради што ќе интервенира екипи на противпожарна единица.
Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија

Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен напад извршен во џамија во североисточниот нигериски град Муби. ...