Тешко повреден пешак во сообраќајна незгода во Велес

Сообраќајна незгода се случила вчера напладне на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес – соопшти денеска МВР.

Имено, товарно возило „Фургон Фиат Добло-Карго“ со велешки регистарски ознаки, управувано од триесет и осумгодишниот Р. Д. удрило во шеесет и тригодишниот пешак  Ј. Ј., и двајцата од Велес.

По незгодата пешакот е пренесен во Јавната здравствена установа – Велес, каде лекар констатирал тешка телесна повреда  (фрактура на десен колк), по што е задржан на понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи  од Велес.

Би те интересирало и

Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

Предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година ќе биде вратен во ...

Маж се заканил дека ќе ја запали зградата на Општина Арачиново

Вчера попладне, во канцеларијата на градоначалникот на Општина Арачиново влегол маж и се заканил дека ...