Тиквешките лозари со ново здружение ќе ги застапуваат своите интереси – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Тиквешките лозари со ново здружение ќе ги застапуваат своите интереси

Тиквешките лозари незадоволни од досегашните состојби во лозарството и заштита на нивните интереси одлучија да формираат ново здружение на лозари, за кое како што велат, ќе има за цел да ги застапува производителите на грозје при продажбата и исплатата на родот. Претседателот, Трајче Кулев од Кавадарци вели дека проблемите на лозарите треба да се решат и дека ќе започнат со активности откако ќе ги завршат сите законски рамки за негово дејствување:

„Сите овие години значи немаме пари земено освен субвенции од државата и затоа го формиравме ова  ново здружение со нови сили и без политички маневри, ќе продолжиме да протестираме се’ додека не се сретнеме со министерот за земјоделие, со нашите во општината за да можеме да изнајдеме начин на лозарите да им се исплате нивниот труд, да им се наплате нивната мака, винариите не’ искористија, да склучат договори во интерес заеднички“.

Според Кулев, со досегашната пракса да се внесуваат политички ставови, здружението Агротиквешија направило хаос во лозарството, затоа нивниот настап во иднина ќе биде да се заштити лозарот.

„Исплатата на грозјето доцни и не се почитува докрај ветеното од страна на винариите, но засега не можам да кажам што точно ќе преземеме,сега имаат лозарите и друго здружение па нека поработат малку и тие“, порача лидерот на Агротиквешија, Љупчо Аризанов.

„Нели тие организирани како ново здружение, ние да не им упаѓаме во нивните замисли да се стрпиме малку. Мене не ми смета нека има што повеќе здруженија, ние ќе продолжиме со нашата работа,мислам дека постигнувањата на Агротиквешија тие не можат ни да ги сонуваат“, им порача Аризанов.

Кавадарци е најголем производител на грозје и на вино во земјава каде од негово производство, егзстираат околу 5000 семејства. Производството на грозје и вино учествува со околу 17 до 20 проценти во БДП, а виното е вториот најизвезуван производ по тутунот.

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука – 22 ноември. Ова го предвидуваат ...

Прифатени измените на Изборниот законик, ќе се бира привремен состав на ДИК

Собранието денеска во продолжение на 46. седница го донесе Предлог на закон за изменување на ...