Тимот на Катица Јанева влезе и во МПМ

И Медиа Принт Македонија се најде под лупа на Специјалното јавно обвинителство, кое денеска таму испратило свој тим, за да го провери финансиското работење на оваа Издавачка куќа што е сопственик на пет печатени и еден електронски медиум.

Истрагата на СЈО, почнува во време на штрајк на вработените во МПМ, кои добија поддршка од ССНМ и од ЗНМ.

Новинарите штрајкуваат поради задоцнети плати, но и други проблеми при секојдневното функционирање на весниците. Непосредно пред штрајкот, вчера од компанијата своите удели ги продадоа „Орка холдинг“ на бизнисменот Јордан Камчев и „Интернет Инвестмент Груп“ чиј што сопственик е Јана Станисаљева.

Би те интересирало и

Комплетна реализација на наставата на босански јазик од наредната учебна година

Од наредната учебна година, во основните учичишта комплетно ќе биде реализирана  наставната програма на босански ...

Заев-Звиздиќ: Преку унапредување на соработката до побрзо членство во ЕУ

Македонија и Босна и Херцеговина делат заедничка цел – членството во ЕУ и НАТО, а ...