Тинејџер отвори оган во училиште во Бразил, уби двајца ученици

Ученик во едно приватно училиште во Бразил отвори оган и уби двајца ученици, а четворица се повредени, по што е уапсен – соопштија локалните власти.

Полицијата и пожарникарската служба во градот Гојана соопштија дека жртвите се на возраст од 12 и 13 години, а ученикот кој пукал има 14 години. Повредените ученизи се на возраст од 11 до 16 години.

Полициски службеник изјавил дека напаѓачот е син на полицаец и го користел службениот пиштол на татко му.

„Тој за време на одморот го извади пиштолот од ранец и почна да пука. Тогаш сите почнаа да трчаат“, истакнал неименуван очевидец.

Овој инцидент го шокираше Бразил, каде вооружени напади меѓу ученици не се вообичаена појава.

Меѓутоа, Бразил е една од најнасилните земји во светот, со околу 60.000 убиства годишно.

Би те интересирало и

Северна Кореја забрани забави со музика и алкохол

Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој ...

Хаг пресуди : Доживотен затвор за Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските срби ...