Тирана го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Тирана го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците

Усвојувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на македонскиот парламент доби широк публицитет во албанските медуми.

Сите без исклучок го оценуваат како исторски настан со кој албанскиот јазик конечно станува официјален, службен јазик во Македонија.

Експресно реагираа и државните и партиски лидери во Албанија.

-Усвојувањето од страна на парламентот во Скопје на законот за албанскиот јазик претставува исторско постигнување за Албанците, кој ја демократизира и зајакнува самата Македонија – напиша на својот профил на фејсбук албанскиот премиер, Еди Рама.

Шефот на албанската држава, Илир Мета кој е во посета на Љубљана, го поздравува донесувањето на законот оцнувајќи го како, значаен акт не само за Албанците, туку и за европската иднина на Македонија.

Поздравуваќи го усвојувањето на законот со кој „албанскиот јазик станува службен јазик“ лидерот на најголемата албанска опозициска сила ,Демократската партија, Љуљзим Баша се заблагодарува на македонските партии за дадениот глас и оценува дека оваа клима на единство ќе „донесе многу позитвност во етничкиот соживот во Македонја“.

Изгласувањето на законот го поздрав поранешниот албански претседател и екс премиер Сали Берша, кој го смета за големо постигнување, а спроведувањето на законот „историска победа за Албанците во Македонија и  целиот албански народ“.

Би те интересирало и

Продолжува истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ

Властите по итна постапка ја започнаа истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ – тврди косовскиот ...

Изненадувачка посета на Меркел во Софија

Германскиот канцелар Ангела Меркел ќе ја посети на 20 јануари Софија по покана на бугарскиот ...