Титаник не потонал заради ударот во леден брег, се случувало нешто подраматично

02012_titanic_3d_008

Еден од најпознатите и најтрагичните бродови на сите времиња, Титаник, потона во април 1912 година на пат од Саутемптон кон Њујорк, при што животот го загубија над 1.500 патници и членови на екипажот, а повеќе од еден век се веруваше дека трагедијата ја предизвика леден брег во кој удрил бродот.

Сега стручњаците тврдат дека дошле до нови докази кои укажуваат на тоа дека катастрофата започнала од пожарот што избувнал во трупот на бродот пред самото испловување, а иако знаеле за тоа, сопствениците на бродот не сакале да го одложат испловувањето.

Новинарот Сенан Молони, кој веќе 30 години го истражува потонувањето на Титаник, проучувал ретки фотографии што ги снимил главниот електричар на бродот и забележал големи црни дамки во внатрешноста на бродот на местото каде што подоцна ќе удри мразот.

Се претпоставува дека дамките настанале од пожарот во една од котларите, кој го гаснеле 12 луѓе, но бил преголем. Температурата се искачила над 1000 Целзиусови степени, а екипажот наводно добил наредба за тоа да не зборува. Молони уште тврди дека бродот пред испловувањето бил така закотвен, што патниците не можеле да го видат пожарот.

Кога Титаник удрил во мразот, трупот на бродот бил ослабен од топлината на пожарот и попуштил, што овозможило водата брзо да навлезе во внатрешноста и бродот да потоне за кратко време.

„Официјалната истрага на потонувањето се толкуваше како Божје дело, но ова не е едноставен случај на судар со леден брег. Катастрофата е последица на пожарот, мразот, но и човечкиот фактор, негрижа на сопственикот на компанијата. Стручњаците за металургија ни рекоа дека таквите температури можат да ја ослабат цврстината на челикот за 75 отсто“, тврди Молони, пренесува The Independent.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Е ова се вика љубов! (Видео)

Мислите дека детето не треба да живее со куче во иста куќа, дека тоа не ...

Сериозно паѓање на квалитетот на кафето и оттаму и дефицит на пазарот

Глобалното затоплување може да доведе до сериозно паѓање на квалитетот на кафето и оттаму и ...

Close