Титула број 94 за Роџер Федерер

Во нивниот четврти меч во 2017 и 38. во кариерата Роџер Федерер по петтипат едноподруго го победи Рафаел Надал за да ја освои својата 27. мастерс  1000 титула и неверојатниот 94. трофеј во кариерата совладувајќи го Шпанецот за само 72 минути со 6:4/6:3 во финалето во Шангај.

Ова беше нивни трет меч во Кина откако во 2006 и 2007 Роџер го победи својот голем ривал за титулата на Мастерс купот (сегашното АТП-финале), а сега на еден од најбрзите тврди терени на турнејата доминираше од почеток до крај за победа над светскиот број 1.

Федерер не направи речиси ниту една грешка, држејќи го Надал далеку од неговата „удобна зона“ и принудувајќи го Шпанецот да се брани од незгодни позиции. Надал немаше одговор на сервис на Федерер.

Ова е шеста титула во 2017 година за Швајцарецот, а сега со 94 трофеи е на второто место на вечната листа, израмнет со Иван Лендл, и само со легендарниот Џими Конорс пред него со 109 титули. Покрај тоа, со 1.000 освоени поени, тој останува во игра за првото место на АТП-листата на крајот на годината, со 1.940 поени заостанување зад Надал со 3.000 поени за освојување до крајот на сезоната.

 


Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Пад на ранкингот на македонските тенисери: Јотовски за четири, Ѓорческа за 27 места

Најдобрите македонски тенисери, Томислав Јотовски и Лина Ѓорческа бележат пад на новите ранг листи објавени ...

Прво финале за Шарапова по кам-бекот

Марија Шарапова ќе го игра првото финале по враќањето по допинг-суспензијата, откако ја победи домашната ...