Тишината кога сака да се одмори, сигурно оди во Преспа

Тишината кога сака да се одмори, сигурно оди во Преспа,тоа е  убавината во која живееме, за која малкумина знаат а може да се зборува многу,рече Љупчо Илиевски автор на изложбата,која беше отворена синоќа во Кавадарци.

Убавина како мелем на рана, тивка, спокојна убавина која дава мир,вака го опиша своето творештво, Љупчо Илиевски, синоќа пред кавадарчани на отварање на изложбата на фотографии насловена како Убавината ја живееме”. Фотографии од Преспа и преспанскиот дел, за чии убавини малкумина знаат а може да се говори многу,одиме на одмор надвор од земјава а ги заобиколуваме нашите богатства, не знаеме да уживаме и да го цениме нашето, рече тој. Авторот посочи дека фотографиите се дел од проект реализиран со помош УНДП, во рамки на кој се објавени и во Нешнл географик, а биле дел и од годишен календар присутен во 162 држави.

Илиевски го спомена и Ангелот од Курбиново, предвесник на романтизмот и дело прогласено меѓу трите најубави фрески во светот, раскажа и за единствениот остров во државата.

– Докажано е дека таму војниците на Самоил одмарале после војните. Има значителен број на змии, особено водени и по некој поскок. Има дрво наречено фојга кое е единствено и многу раритетно, го има уште во две држави,  Грција и Албанија.  Преспанскиот дел е трет регион во светот по производство на јаболки. За Преспа уште многу може да се говори, додаде авторот.

Илиевски од 1984 година хонорарно работел во Танјуг, 6 години во МРТВ како фоторепортер и  до денес како камерман-снимател.

Автор: Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Најдобрите германски филмски остварувања и годинава пред штипјани

Фестивалот на новиот германски филм, во Штип ќе го означи почетокот на последната недела од ...

Светска премиера во Пекинг на композиција од Дарија Андовска

Во рамките на China CEEC Cultural Season- Music Dialog and Cooperation 2017, на 13 октомври, ...