Тони Блер ги повика Британците „да се кренат“ против Brexit – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Тони Блер ги повика Британците „да се кренат“ против Brexit

Поранешниот британски премиер Тони Блер ќе ја објави својата „мисија“ да ги убеди Британците да се кренат и да го сменат своето мислење за Brexit, јави BBC.

Поранешниот премиер, во својот говор подоцна ќе каже, дека луѓето гласаа на референдум, без да ги знаат вистинските услови за напуштање на Европската унија или Brexit.

Тој вели дека сака да “изгради поддршка за изнаоѓање излез од сегашното брзање преку работ на карпата”.

Но, поранешниот министер во кабинетот Иан Данкан Смит изјави дека коментарите на Блер се арогантни и крајно недемократски.

Даунинг стрит соопшти дека се „апсолутно посветени“ да го истераат Brexit-от до крај.

Премиерката Тереза Меј има намера да ги активира формалните преговори за напуштање на ЕУ до крајот на март – потег кој доби поддршка од пратениците во Долниот дом минатата недела.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Силвестер Сталоне со видео мораше да докаже на фановите дека е жив

Актерот Силвестер Сталоне требаше да им докаже на фановите дека тој се уште е жив ...

Бунт во бразилски затвор, чувари неколку часа држени во заложништво

Во затворот Милтон Диас Мореира во Рио де Жанеиро затвореници организираа бунт и земаа седум ...