Тој е татко на 106 деца без да спие со ниедна од нивните мајки

Холанѓанецот Ед Хубен, по професија туристички водич, е татко на 106 деца низ цела Европа, без притоа да спие со ниту една од мајките на тие деца.

Тој е најактивниот донатор на сперма во Европа со што им помогнал на голем број на брачни парови, лезбejски парови, па дури и сами жени да добијат дете.

Ед вели: “Јас го правам ова затоашто знам колку им е тешко на луѓето кои очајно сакаат да имаат деца. Истотака, одењето во специјалните клиники бара многу време, но и парични средства.”

Во минатото, Ед патувал по многубројни хотели низ Европа за да ја изврши својата должност како донатор на сперма.

Покрај ова, тој ги давал своите услуги и преку разните клиники за оваа намена, но откако стигнал до бројката 25 се откажал.

Сега, луѓето го наоѓаат преку интернет и препораки од задоволните “клиенти”.

Би те интересирало и

Баба од Јапонија на 89 години станала махер за фотошоп (галерија)

Повеќето луѓе мислат дека технологијата е за млади луѓе, но не и Кимико Нисимото. Таа ...

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...