Трагедија утринава, дeвојче застрелано во главата – Почина на Клиника

Голема трагедија го потресе Неготин во Србија, каде почина 16-годишно девојче. Детето утринава било донесено во болница со прострелна рана во главата, а иако лекарите дале се што можат да го спасат животот, за жал девојчето им подлегнало на повредите.

– Девојчето беше примено со прострелна рана во главата направена со пиштол, во многу тешка состојба. Дадовме се од себе, пробавме да го реанимираме детето, но безуспешно, велат од болницата за српските медиуми.

Неофицијално, шестнаесетгодишната К.А. и нејзиниот брат дома нашле пиштол и во еден момент тој испукал, по што девојчето крваво паднало на подот.

Истрагата е во тек, таа ќе ги даде одговорите за трагедијата.

Превземено од: Репортер

Додади коментар

Би те интересирало и

Анкара најавува низа мерки поради референдумот во Ирачки Курдистан

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека поради денешниот референдум за независност во ...

Заврши десеттиот Викенд медиа фестивал: Илјадници учесници заминуваат со мноштво инспирации и идеи

Новинарот, Зоран Шпрајц по трети пат во рамките на Викенд медиа фестивалот ја доби наградата ...

Close