Тракторист се превртел и починал

На некатегоризиран пат од манастирот „Св. Петар“ кон охридско село Брежани-Дебарца, 58-годишниот М.Ј. од село Велмеј, управувајќи со трактор се превртел и починал на лице место.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера околу 14:50 часот.

– Смртта била констатирана од страна на доктор од екипата за Итна медицинска помош. Увид на лице местото извршила екипа од СВР-Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството за погреб – велат од МВР.

Преземено од: Нова Македонија

Би те интересирало и

Што јадат студентите, а што јаде персоналот во студентскиот дом „Стив Наумов“

Студент кој живее во Студентскиот дом „Стив Наумов“, на социјалната мрежа Фејсбук објави две фотографии, ...

Две лица приведени во Тетово: Едниот навредувал полицајци додека урнирал, другиот неовластено го снимал настанот

Вчеравечер на ул. „Б.Стефаноски“ во Тетово, полициски службеници забележале непознато машко лице како прави прекршок – ...