Трамп ги додели „наградите за лажни вести“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Трамп ги додели „наградите за лажни вести“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа преку Твитер ги објави добитниците на неговите долго најавувани награди за лажни вести.

Линкот кој го споделил Трамп води до интернет страницата на Републиканската национална комисија, каде се набројани десет вести и статии од традиционалните медиуми како „Си-ен-ен“, „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“ и „Еј-би-си њуз“, кои Трамп и републиканците често ги наведуваат како пример за пристрасност и генерирање на вести против нив.

Меѓутоа, во однос на употребата на контроверзниот термин „лажни вести“, често се поставува прашањето: дали навистина станува збор за лажна вест ако медиумите ја потврдат и корегираат грешката во известувањето? Тоа произлегува оттаму што практично ваков е случајот речиси со сите вести опфатени со „наградите“ на Трамп. Од друга страна, во лажните вести од алтернативните медиуми и оние кои се поблиски до американскиот претседател, а често пропагираат теории на заговор, погрешните наводи никогаш не биле признаени и всушност, постојано се повторувале.

Рубриката „Проверка на факти“ на весникот „Вашингтон пост“ се позанимавала со оваа листа, истакнувајќи дека според нивните проценки, самиот Трамп од доаѓањето на власт дал повеќе од 2.000 изјави, по што речиси никогаш не признал дека погрешил.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...